Скопјанец криумчарел 12 мигранти од Авганистан

Скојанецот Б.Д. заработи кривична пријава поради сомнение дека криумчарел мигранти.

Како што соопшти МВР, вчера на патниот правец Гевгелија-Скопје, кај Неготино, при контрола на комбе „форд транзит“, кој го возел овој 57-годишен скопјанец, во него биле најдени 12 илегални мигранти од Авганистан.

Нему му е одреден притвор од 30 дена, а странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.