Скопјанец нападнал полицаец додека пишувал казна

Триесет и тригодишниот А.Д. ќе добие кривична пријава бидејќи физички нападнал полицаец кој бил на службена должност.

Синоќа, на булеварот „Климент Охридски“ полицијата сопрела возило марка „Форд Фокус“ со скопски таблички, управувано од  С.Д.(30) на кого му било извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на алкохол во крвта 1,64 промили.

Кога полицаецот почнал да ја пишува казната, во тој момент сопатникот во возилото ја отворил вратата од службеното возило и почнал да го омаловажува истиот со погрдни и вулгарни зборови, по што бил усно предупреден да се врати во возилото, но истиот се обидел насилно да ја земе возачката, за што уште еднаш  бил усно предупреден за неговото однесување. Во тој момент истиот се затрчал кон полицаецот и со еден удар го удрил во левата страна на градите и уште еден удар во десната рака.