Скопјанец нападнал полицајци на должност

Дваесет и осумгодишниот Ф.Р. од село Љуботен вчера нападнал полицаец кој бил на должност.

Полицајците вчера на клучката кај Мирковци на обиколницата Скопје го запреле возилото голф, кое го управувал Ф.Р. Возачот започнал да ги омаловажува и навредува, а во еден момент ја турнал вратата на службеното возило и му ја притиснал ногата на полицаецот. Кога полицаецот се обидел да го доведе во состојба на послушност, Ф.Р. му ја искинал кошулата, по што бил приведен во полициската станица Чаир.