Крими хроника

Скопјанец нападнал и силувал кумановка

Скопјанец нападнал и силувал кумановка

Кривична пријава е поднесена против 19 годишниот С.Р. од Скопје поради сомнение за сторено силување.

-Имено, скопјанецот на 13-ти месецов околу 11.45 часот во Куманово кај место викано „Бавчи“ ја забележал оштетената Х.М. (24) од Куманово како се движи по патот, по што со употреба на физичка сила и нанел телесна повреда во пределот на ногата и извршил полово дејствие врз неа, информираат од полицијата.

Девојката бранејќи се успеала да се оттргне и избега.