Скопјанец нападнат, претепан и ограбен

Скопјанец бил нападнат, претепан и ограбен од непознати сторители.

Околу 23.00 часот во саботата во Скопје, на ул. „Нов Живот“ три непознати лица извршиле разбојништво над Е.Р. (29) од Скопје.

Сторителите го удирале по главата и телото и откако го собориле на земја му одзеле 200 евра, по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.