Скопјанец направил хаос: Украл автомобил и направил сообраќајка

Насилен скопјанец направил вистински хаос во центарот на градот, прво се расправал со девојка, потоа украл автомобил, а на крај предизвикал сообраќајна незгода во која со повреди се здобиле две лица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 20.30 часот во Скопје се случувала вистинска драма.

Полицијата соопшти дека непознато лица на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов  насилно украл автомобил „тојота авенсис“ со скопски регистерски ознаки, управуван од  29-годишниот Н.С.од Скопје.

Според полицијата, разбојникот  по предходна расправија со женско лице, со употреба на физичка сила го извадил возачот од автомобилот, и во него  насилно го внел женското лице по што  заминал.

Во близина на  студенскиот Дом „Гоце Делчев“ истиот удрил во автомобил „форд фокус“ со скопски регистерски таблици управуван  од 40-годишниот  З.Т. од Тетово и веднаш избегал.

Во сообрќајката со повреди се здобиле двајца тетовци, сопатници во „форд фокусот“, кои се пренесени во градската општа болница  „8-ми Септември“ каде што им е укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди.

По кратко време на булеварот Октомвриска Револуција од страна на единицата  за брз одговор и интервенција „Алфи“ пронајдени и приведени се  27-годишниот С.Д. и четири години постарара Ш.Д. од Скопје.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.