Скопјанец ограбил возило

Шеесет и шестгодишниот Ш.Н. од Студеничани извршил кражба во возило сопственост на „Рента кар – Скопје“.

Тој на улицата „Маршал Тито“ на паркинг плац во Неготино, извршил кражба во патничко возило, сопственост на „Рента кар“-Скопје, а истото го користеле две лица  од Турција. Од возилото тој одзел чанта во која имало два лап топ компјутери, еден „ајпод“, девизни и денарски средства и лични документи, со што причинил материјална штета од околу 650.000 денари.