Скопјанец олеснет за 400 илјади денари

Тешка кражба се случила во станот на четириесет и шестгоишниот Л.К. од Скопје.

Од станот крадецот одзел разновиден златен накит, накит од бисери, рачен часовник, околу 70.000 денари и 300 евра со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.