Скопјанец остана без златен накит вреден околу 10.000 евра

Златен накит во вредност од околу 10.000 евра бил  украден од куќа во скопското село Сарај, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Крадецот успеал да влезе во куќата на 41-годишниот А.М. од Сарај, по што го одзел накитот.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.