Скопјанец повреден од залутан куршум

Едно лице од скопски Бутел било повредено вчеравечер кога во него завршил залутан куршум. Куршум вчера бил испукан и во Драчево. Полицијата работи на расчистување на двата случаи.

Полицијата соопшти дека синоќа околу 19:30 часот лицето У.М. (1978), додека седел во својот двор во Бутел заедно со друго лице, се слушнале истрели од огнено оружје по што почувствувал болка во пределот на зглобот на десната рака. Лицето е пренесено во Градската болница „Наум Охридски“, каде што му е укажана лекарска помош.

Вчера на ул. „Јустинијан Први“ во населбата Драчево околу 16:00 часот во куќа сопственост на лицето Љ.Б од страна на непознат сторител бил испукан куршум од огнено оружје кој го пробил стаклото во една од собите и завршил во ѕидот. Нема повредени лица.