Скопјанец повреден од заталкан куршум

Триесет и четиригодишниот Г.А. од Скопје ноќеска е ранет од заталкан куршум.

Настанот се случил ноќеска околу 3 часот на улицатa „Димче Милошевски“ додека Г.А. бил во дворот пред својата куќа. Куршумот го ранил во десната нога.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар каде му е санирана повредата.