Македонија,Крими хроника

Скопјанец прегазен на улица во Ѓорче Петров

Седумдесет и осумгодишен скопјанец почина во Ургентниот центар во Скопје откако вчера попладне бил прегазен од комби „фиат добло“ на улицата во скопската населба Ѓорче Петров во Скопје, информира денеска полиција.

Несреќата се случила во 16,50 часот на улицата Ѓорче Петров кога комбито што го возел Г.У. (24) од Скопје удрило во пешакот Спира А.. При незгодата старецот се здобил со сериозни повреди поради што бил пренесен во Ургентниот центар, покрај интервенцијата на докторите човекот починал денеска.