Скопјанец претепан и ограбен во Бутел

Дваесет и петгодишниот М.Н. вчера бил нападнат и ограбен на улица „Бутелска“ во близина на обиколницата.

Додека сам чекал кај старата автобуска постојка на последна 57, запрело возило во кои биле осомничените и откако му понудиле превоз до с.Љуботен истиот влегол во возилото по што осомничените физички го нападнале и му одзеле 100 евра.

Се превземаат мерки за целосно расчистување.