Скопjанец претепан со палка

Триесет и петгодишниот Т.А. вчера бил нападнат од страна на три непознати лица на булеварот „Србија“.

Тие го пресретнале со возило, а едно од лицата го удирало и со палка на расклопување во пределот на главата и телото.

По кратко време од страна на Единицата „Алфа“ двајцата осомничени Х.П.(21) и Б.М.(34) од Скопје се приведени додека по третиот осомничен С.Б.(21) се трага. По целосно расчистување ќе следи соодветна пријава.