Скопјанец претепан зашто седел на клупа пред зграда

Скопјанец во саботата вечерта бил физички нападнат од неколку лица додека на клупа ја чекал својата девојка, а инцидентот, како што информираат од полицијата се случил на улицата „Боро Менков“.

Додека 58-годишниот С.Р. од Скопје, ја чекал неговата девојка, бил физички нападнат од страна на шест засега непознати машки лица на возраст од 30 до 45 години, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, по што се упатиле во непознат правец.

Причина за нападот била што напаѓаќите не му дозволувале да седи на клупата која била пред самата зграда. Од нападот, С.Р. се здобил со тешки телесни повреди, фрактура на осмото ребро, велат од МВР.

На повредениот скопјанец му била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.