Скопјанец притворен за дилање дрога

Скопјанецот Б.М.(46) доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Единицата за недозволена трговија со дрога по добиеното сознание дека пријавениот во текот на мај и јуни годинава, од засега непознато лице од Скопје, набавил поголема количина хероин, која ја препакувал за улична продажба и по превземени мерки утврдено е дека Б.М. нарачките ги договарал по телефон, по што хероинот  најчесто го продавал на локации во централното градско подрачје.

На 9 јуни во непосредна близина на Градски парк во вечерните часови, пријавениот е забележан и легитимиран од полициски службеници на Единицата за недозволена трговија со дрога и при извршен личен преглед, пронајдени му се осум полиетиленски паковки со хероин.

Истиот е лишен од слобода, а по наредба на Судија на претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени вкупно 15 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин.

По извршеното вештачење на хероинот  пронајден кај Б.М. е констатирано дека нето маса од 3,39 грама хероин, истиот ја препакувал во 23 полиетиленски паковки во поединечна нето маса од 0,1 до 0,18 грама, при што една паковка, во зависност од грамажата ја продавал на зависници од Скопје за цена од 300 до 600 денари.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.