Скопјанец произведувал синтетички дроги во домот

Триесетдневен притвор и кривична пријава заработи скопјанец што произведувал синтетички дроги во сопствениот дом.

Дваесет и седумгодишниот З.С. од Скопје се товари дека сторил две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

skopjanec-droga-1

Како што информира МВР, единицата за недозволена трговија со дрога, по предходно добиеното сознание дека  непознато лице од населба Ново Лисиче во својот дом неовластено произведува и поседува синтетички дроги кои ги подготвува и пакува за улична продажба, превземени се интензивни мерки и активности за утврдување на идентитетот на лицето и потврдување на добиените сознанија. Од превземените мерки бил утврден идентитетот на лицето кое се занимавало со неовластено призводство на синтетички дроги.

skopjanec-droga-2

Во вторникот бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 86 таблети мешавина од психотропни супстанци амфетамин и MДMA, 76,78 грама  анфетамин во прашкаста форма, спакуван во една полиетиленска кеса,  21,89 грама, анфетамин во прашкаста форма, спакуван во 24 полиетиленски пакувања за улична продажба, 31,47 грама  канабис сатива, спакувана во 17 зипер кесички за улична продажба, 4,67 грама семки од истото растение и едно пакување Неоситол 10% со маса од 6,78 грама, Левамизол,  медикамент кој се користи во ветерината за лекување на цревни паразити кај големата стока, а во недозволеното производство на синтетички дроги служи за зголемување на масата на дрогата.

skopjanec-droga-3

Покрај тоа биле најдени и рачно направени преси и цилиндри на кои има изработени логоа за втиснување и седум патрони за ловечка пушка.

Пронајдените предмети се одземени и дадени за понатамошна постапка.