Скопјанец пронајден мртов во автомобил

Скопјанец на 42-годишна возраст, во 1.40 часот по полноќ бил пронајден мртов во автомобил „хјундаи“ од случајни минувачи, соопшти полицијата.

– Во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на Итна медицинска помош, било пријавено дека на улица „Орце Николов“ во Скопје од страна на случајни минувачи во патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат скопјанецот Г.С. (42), се наведува во соопштението.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.