Скопјанец ранет со пиштол во расправија

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 14 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека две непознати лица со две возила дошле на ул. „Фуштанска“  и започнале расправија со Г.Б. (27), по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон Г.Б, нанесувајќи му прострелна рана во десна надколеница и повеќе повреди во пределот на телото.

По настанот лицето кое пукало го напуштило местото со возило. Повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.