Скопјанец ранет во пукање од автомобил во движење

Непознато лице од возило во движење пукало со огнено оружје врз 37-годишен скопјанец на улицата „Алија Авдовиќ“.

Како што информира денеска МВР, инцидентот се случил вчера околу 17 часот додека Н.А. (37) се движел со своето возило по улицата „Алија Авдовиќ“.

Непознатото лице го напуштило местото на настанот.

Повредениот Н.А. (37) бил погоден со проектил во пределот на левиот колк, а со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентениот центар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.