Скопјанец си го силувал болното тригодишно дете

силување

Според пријавителката, половиот напад се случил кога остварувал редовни видувања со детето врз основа на решение издадено од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Истата забележала дека по средбите детето е вознемирено, но со оглед дека детето боледува од церебрална парализа истото не можело да каже што се случува на средбите со таткото.

Пријавителката го однела детето на специјалист невропсихијатар на преглед, а според наодот од Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, констатирано било дека кај детето постои емоционална вознемиреност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.