Скопјанец си ја застрелал сопругата додека биле на гости

Во засега неразјаснети околности, скопјанец во средата вечерта си ја застрелал 40-годишната сопругата додека биле на гости кај семејни пријатели, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.40 часот во Скопје на улицата „Лука Геров 1“, во куќата на Д.Ѓ.(40), како гости биле М.Н. и Б.Н. од Скопје.

Во еден момент Д.Ѓ. ја напуштил собата, по што М.Н. го зел неговиот пиштол, кој бил оставен на видно место, испукал еден куршум во правец на неговата сопруга Б.Н. и ја ранил во пределот на левата нога.

Истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје, за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.