Скопјанец силувал две малолетни ќерки на невенчаната сопруга

Маж од скопско село Љубин (Б.И. 35), е обвинет за полов напад врз две малолетнички и против него е поднесена кривична пријава.

Како што соопшти полицијата, случајот завчера го пријавила Н.И. (46) од Тетово на која Б.И. и е невенчан сопруг.

Според Н.И., Б.И. во повеќе наврати ги повикувал нејзините две ќерки од претходните невенчани бракови и вршел полови дејства.

Пријавениот е лишен од слобода и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.