Скопјанец извршил три тешки кражби на подрачјето на Бит Пазар

Кривична пријава е поднесена против 19 – годишниот А.М. од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела  и тоа три „тешки кражби“ и едно кривично дело „кражба“.

Се смета дека со овие кражби тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

Пријавениот кривичните дела ги извршил во периодот од 28 јули до 12. овој месец и тоа две тешки кражби во куќи, една тешка кражба во автомобил, како и една кражба во автомобил,  сите на подрачје на Бит Пазар .

Првата тешка кражба во куќа ја извршил во раните утрински часови на тој начин што откако се уверил дека нема да биде приметен од никого  се прекачил преку оградниот ѕид и преку незаклучената влезна врата влегол во куќата од каде што украл лап топ  и еден телевизор и неприметен од никого го напуштил лице местото.

Втората тешка кражба во куќа ја извршил во доцните вечерни часови  и исто како претходната откако се уверил  дека нема да биде приметен од никого се прекачил преку оградата од задниот дел од дворот и со употреба на подесен алат делувал помеѓу вратата и касата од вратата, влегол внатре од каде што украл телевизор но во моментот кога го изнесувал од куќата во дворот бил забележан од страна на братот на оштетениот.

А.М. бидејки бил забележан и препознаен го фрлил украдениот телевизор оштетувајки го и притоа избегал.

Кражбите во автомобили пријавениот ги извршил преку ден и двете на булеварот “Никола Карев“.

Првата  на тој начин  што со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од десната предна врата и преку направениот отвор ја отворил вратата и украл една платнена ташна во која имало лични документи и неприметен од никого го напуштил лице местото.

Втората, пак, ја извршил на тој начин што откако забележал дека нема да биде приметен од никого преку незаклучената врата на возилото влегол внатре од каде украл една женска кожна јакна, паричник со пари и лични документи.

Дел од украдените предмети (лап-топ и телевизор) се одземени од лицето А.А. татко на пријавениот, а дел платнена ташна со лични документи се одземени од пријавениот.

Инаку, според крим евиденцијата на СВР Скопје во период од 2011-2015 година од страна на СВР Скопје  против  А.М. поднесени се 16 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против безбедноста  на јавниот сообраќај.