среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 49

Скопјанец тешко повреден во пожар

pozar

Поврзани вести

Тешки повреди, изгореници на двете дланки, лицето и двете стапала заработил 77 годишниот С.А. од Скопје откако вчера попладне избувнал пожар во неговата куќа.

Од полицијата денес информираат дека пријавата ја добиле од Ургентниот центар каде бил донесен повредениот. Пожарот настанал во куќата на скопјанецот лоцирана на ул.„Иван Цанкар“ која целосно изгорела.

Во пожарот била зафатена кровната конструкција и една соба од куќата на Г.М.(50) од Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот како и утврдување на причините кои довеле до опожарување.

Најчитани вести