Скопјанец тешко се повредил откако пропаднал во отвор во својот локал

Скопјанец тешко е повреден откако при увид во градежни зафати во неговиот неодамна купен локал паднал во необезбеден отвор длабок два метра, информираше во вторникот Министертвото за внатрешни работи.

Четириесет и шестгодишниот Г.П. од Скопје при пад од висина се здобил со тешка телесна повреда-пукнат череп, констатирана од страна на лекар во Ургентен центар. Несреќата се случила вчера наутро во Скопје на улицата „Пиринска“.

Повредениот при вршење увид на градежните работи на локал кој го купил пред извесно време, не забележал отвор на подот кој бил предвиден за скали и паднал од приземјето во подумските простории од висина од околу два метра.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување.