Скопјанец загина на патот за Галичник, кај Царевец

Четириесет и пет годишен скопјанец синоќа го загуби животот откако на него налетало возило кое го расчистувало снегот на локалниот пат Маврово до Галичник.

Според првичните информации, станува збор за лице од Скопје кое најверојатно било ангажирано како помошник. На него при движење наназад удрила и го прегазила со тркалата работната машина „зил“ која го расчистувала патот од снег кај месноста Царевец. Возачот на машината е задржан за разговор.

Јавен обвинител, екипа на крим техника, инспектор по труд и заштита при работа вршеа увид до доцна во ноќта по што ќе бидат познати и повеќе детали.