Скопјанец загина во несреќен случај во Крушево

Седумдесет и осумгодишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај, обидувајќи се да го тргне каменот со кое го обезбедил своето возило.

Според информациите од полицијата вчера околу 10 часот во Крушево, Н.К. го тргнал каменот кој бил под тркалото од автомобилот со кое го осигурал возилото од движење по надолнина, но тогаш возилото се придвижило.

Скопјанецот се обидел да го сопре автомобилот, но паднал и се удрил на скалите од соседната куќа.

На пат кон прилепската болница скопјанецот им подлегнал на тешките повреди.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.