Скопјанец загина во судир меѓу застава 101 и автобус на ЈСП

Околу 10:56 часот вчера на регионалниот пат кон Катлановска бања се случила сообраќајна незгода меѓу автобус на ЈСП управуван од 49-годишниот З.Ц. и патничко возило „застава 101 ГТЛ 55“, управувано од Димче К.(29) од Скопје.

На самото место на несреќата починал возачот на патничкото возило. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.