Скопјанец заработи 4 кривични пријави

Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти со елементи на насилство до надлежното Основно Јавно Обвинителство Скопје со кривична пријава гo предаде лицeто Ѓ.Љ. (33) од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела – “разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.400 денари. Од страна на Судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Кривичните дела пријавениот ги извршил во периодот од август до средината на овој месец, во попладневните часови и тоа – во три наврати на подрачјето на Карпош (два пати во аптека “Алпи Фарм“ и еднаш во аптека “Зегин“) и еднаш во Центар (во колонијална продавница “Тед Доол“).

Истиот делата ги извршил на тој начин што маскиран (со безбол капа и капуљача) со нож и закани дека носи пиштол, од вработените ги земал парите од дневниот промет и нивните мобилни телефони, по што одземените парите ги користел за купување на метадон, додека пак одземените мобилни телефони се пронајдени при претрес во неговиот дом. Истовремено при претресот во неговиот дом е пронајдена безбол капата, црна боја која пријавениот Ѓ.Љ. ја носел при извршувањето на кривичните дела. По приведувањето на осомничениот во просториите на ПС ОН „Карпош“, во присуство на Јавен обвинител извршено е лично препознавање така што оштетените со сигурност го посочиле како сторител на разбојништвата.

Инаку, во изминатиот период против Ѓ.Љ. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела – “разбојничка кражба “, “тешка кражба“и “тешка кражба во обид“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.