Скопјани фатени со дрога на плажа во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против скопјаните В.П.(24) и А.Н.(24) поради постоење основано сомнение дека произведувале и продавале наркотици.

Полицајците извршиле претрес на возило кое се наоѓало на паркингот на плажата „Немо„ во Охрид, во кое се затекнати В.П., А.Н. и лицето Б.К.(22) од Скопје, а при претресот се пронајдени 10 таблети МДМА,  паковки со 3,61 грам марихуана и еден џоинт во пепелник.