Скопјани нападнале полицајци кај „Порта Македонија“

Двајца полицајци вчера биле нападнати кај „Порта Македонија“ од страна на две млади лица.

Ф.Н.(22) и К.С.(22), двајцата од Скопје ги попречувале полицајците да ја вршат својата должност и ги нападнале удирајќи ги со тупаници по телата, туркајќи ги  и влечејќи ги  по униформите.

Напаѓачите се уапсени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.