Скопјани нападнале полицајци во Охрид

Двајца скопјани Р.А.(22) и Е.К.(19),вчера во Охрид нападнале полицајци при сообраќајна контрола. Притив нив е поднесена кривична пријава.

Двајцата скопјани, вчера околу 17.30 часот на булеварот Туристичка во Охрид биле сопрени од полиција додека Р.А. управувал со возило „форд ескорт“ со скопски регистарски таблици. Од него биле побаран возачки документи.

Во следниот момент, двајцата пријавени вербално и агресивно реагирале и од полициските службеници на висок тон побарале да не им се доближуваат, по што им упатиле закани за убиство. Револтиран што полицискиот службеник продолжил со службените активности, пријавениот Р.А. се обидел физички да го нападне кинејќи му делови од униформата. При обид да влезе во неговото патничко возило, со нога го повредил другиот полициски службеник, информираат од полицијата.

Нападот врз полициските службеници во кој се вклучил и второпријавениот Е.К. сопатник во возилото, бил одбиен а двајцата, по консултација  со јавен обвинител се приведени во СВР Охрид.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.