Скопјани од денес ќе купуваат поевтин леб

Скопјани од денес ќе купуваат поевтин леб. Според најавите на мелничко-пекарската индустрија цената на лебот ќе се намали за два до пет денари зависно од грамажата, а во остакотот од земјата се очекува да се задржат цените кои веќе се пониски.

Причината за поевтинувањето е во евтиното српско брашно кое се увезува на пазарот, објаснуваат од групацијата на мелничари и пекари кои вчера апелираа до владата за субвенции од 2,5 денари по откупен килограм за се амортизираат загубите од, како што рекоа, скапата домашна пченица.

Покрај мелничарите, со свое барање настапија и земјоделците, кои побараа по 2 денари од килограм пченица.

Од министерството за земјоделство велат дека се во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање. Одржани се неколку состаноци и се разгледуваат можни решенија на барањата.