Крими хроника

Скопјани ограбени пред кафе бар, ги олесниле за околу 2.000 евра

Скопјани ограбени пред кафе бар, ги олесниле за околу 2.000 евра

Неколку лица, синоќа во 23.15 часот на улицата Казанџиска во Скопје, ограбиле двајца од кои одзеле чанти со пари.

На С.Р. (36) му е одземена чанта во која имало 1.750 евра во разни апоени, а на З.Н. (23) двајцата од селото Батинци, Скопско, му е одземена чанта во која имало 1.000 евра, 12.000 денари, патна исправа и клучеви од возило.

Повеќе лица влегле во кафе барот кој се наоѓал на споменатата улица, а останатите останале надвор и не сакале да платат карта за влез во барот. Тие физички ги нападнале оштетените, им ги одзеле ташните и избегале.