Скопјани по серијата земјотреси под отворено небо (ФОТО)

Исплашени и вознемирени од земјотресите што го потресоа скопското тло, особено од земјотресот што се случи во неделата кој беше со магнитуда од 5,3 степени, голем дел од скопјани ноќите ги поминаа под отворено небо.

Иако надлежните апелираат дека нема место за паника бидејќи главниот земјотрес помина, а серијата по него се само афтершокови, сепак, за граѓаните деновиве нивните домовите не се најбезбедно место за престој во очекување на евентуално друг потрес…

Скопјани деновиве бараат алтеративни места за преноќевање, особено доколку живеат во високоатници… Некои од нив, дури и гаражите си ги опремиле со кревети…

ulica

Непријатните моменти кои ги преживеаа граѓаните во неделата, резултираа и со еден друг момент – ако ништо друго, барем  ги здружи соседите кои во нормални услови, не може да ги собере ниту претседателот на куќен совет.

ulica1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.