Скопјани се трујат, Шилегов од фотелја следи „реалити шоу“

Скопје и официјално стана најзагаден град во светот.

Градовите во Индија, Бангладеш, Пакистан, Индија, Монголија, Кина…на листата се зад главниот град на Република Македонија.

Мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај  Ректорат 395  микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261.

Вчера, во текот на вечерта загаденоста на воздухот кај ректоратот изнесувал рекордни 569 микрограми на метар кубен, во скопско Лисиче загаденоста изнесувала 484 микрограми на метар кубен, во Карпош пак загаденоста изнесувала 427 милиграми на метар кубен, а во Центар 426 микрограми на метар кубен.

Освен во Скопје, алармантно загаден воздух  дишат и граѓаните на Тетово и Куманово.

 

Владејачката СДСМ со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, додека беа во опозиција, токму за загадениот воздух организираа протести и секојдневно остро ја критикуваа тогашната власт дека е најодговорна за лошиот амбиентален воздух, а сега приказната се смени. Актуелната власт, очигледно неспособна да ја подобри ситуацијата, ги обвинува граѓаните дека правеле „реалити шоу“ од оваа тема, а, конкретна стратегија за преземање наконкретни чекори најавија за следната година.

Шилегов се’ уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите.

Инаку, на сајтот „Политилки бројач“,  граѓаните можат да ги видат не исполнетите ветувања на градоначалникот на Град Скопје.

Дел од ветувањата на Шилегов беа:

Вклучување на граѓани во носење одлуки кои ги засегаат жителите на Град Скопје.

Јасна и јавна поделба на ингеренциите помеѓу Град Скопје.

Општините и ДИЖС, Воведување на итни вонредни мерки за време на грејната сезона.

Стоп за прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат.

Санирање на коритото на Вардар.

За најризична жешка точка ОХИС под итно покривање на депониите.

Гласот на гласните „граѓански активисти“ кои до минатата година за загадениот воздух протестираа и бараа политичка одговорност, сега некако стивна. Револтот  од улица, сега е видлив само на социјалните мрежи.

Во моменот активна е само една иницијатива „Бојкотирам настава“ на Фејсбук, со која се повикуваат  децата да не одат на училиште на 20 декември како знак на револт.

Голем број родители кои ја поддржаа иницијативата , бараат итно решение со загаденоста на воздухот.

-За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем потсетуваме веќе 4 години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на назадоволството од несправувањето со ниедна точка од овој комплексен проблем, да ги потестиме службениците да си ја сработат работата за која се нафатиле да ја сработат, а за што добиваат плата од наши пари. Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт- се наведува на страницата на Фејсбук на оваа акција.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.