понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 18

Скопјанка го прободела сопругот во градите со нож

nozz

Последни вести

Триесет и две годишниот Н.Д. од Скопје е задржан на Интензивна нега во ГОБ „Наум Охридски“ откако бил нападнат и прободен од неговата сопруга.

Од полицијата дeнес информираат, дека пријавата ја добиле пред два дена околу 23:30 од Итната медицинска помош. Тие пријавиле дека во местото „Јурија “ во населба „Ѓорче Петров“ има лице прободено со нож кое побарало помош.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот  и во Градската општа болница и констатирале дека се работи за лицето Н.Д. (32) од Скопје. Истиот, во семејна расправија се здобил со тешка повреда-убодна рана од нож во пределот на градниот кош, која му ја нанела неговата сопруга Г.С.(26). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од полицијата.

Најчитани вести