Скопјанка предизвика хаос во болницата во Штип

Скопјанка предизвика хаос во болницата во Штип. Тројца штипски специјалисти одвај ја спасиле младата скопјанка, која исекла вени поради момче.

Хирург, реаниматор и психијатар од Штипската клиничка болница, спасувале млада скопјанка од смрт. Таа како итен случај е донесена од Пробиштип со сериозни исекотини по рацете, телото и лицето кои си ги направила сама.

Причината за ваква суровост кон себе, била љубовна мака. Неа пред само неколку денови ја оставило момчето од Пробиштип, поради што таа паднала во тешка депресија. Убедена дека љубовта ќе си ја врати назад, таа заминала кај него дома, но откако тој не попуштил пред нејзините убедувања и аргументи, на неа и попуштиле нервите, па со скршено шише си го испосекла телото пред негови очи, пренесува „старплус“ на ТВ Стар.

Како што тврдат болнички извори за штипската телевизија, скопјанката, на возраст од само 20 години, била во опасност да искрвари до смрт, зашто раните воопшто не биле наивни.

Најопасни биле исекотините по рацете, зашто биле повредени витални крвни садови, па за да си сошијат и да го сопрат крварењето на штипските лекари им требало многу време.

Скопјанката, во болницата била донесена во преткоматозна состојба поради големата количина на загубена крв, поради што таа најнапред морала да биде реанимирана, па дури потоа оперирана.

Во моментов, од физички аспект таа е стабилна, но за лекарите загрижувачка е нејзината психичка состојба поради што е под постојан психијатриски надзор.