Скопјанка избегала од грабнувачот

Скопјанка била грабната од непознато лице, но успеала да му избега, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 15.40 часот на булеварот Видое Смилевски Бато, во населбата Ново Лисиче непознато лице се приближило до Ќ.М.(23) од Скопје. Таа излегла од зградата каде работи кога непознатиот на сила ја внел во автомобил, по што се упатиле по стариот пат Катланово- Велес.

Во близина на езерото Младост Ќ.М. успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.