Скопјанка киднапирана и држена во хостел

Скопјанка пријавила дека три лица завчера ја киднапирале и држеле во еден скопски хостел.

Полицијата соопшти дека станува збор за Г.Ж. (43) од Скопје во дворот на куќата, ги затекнала лицата Б.П.(33) неговиот брат Т.П.(31) и А.Б.(31) кои и рекле дека нејзиниот љубовник Б.А. им должи 1.000 евра.

Тројцата потоа насилно ја внеле во возило со скопски регистерски таблици и ја однеле во хостел во Скопје каде ја заклучиле во една од собите и ја прашувале каде е Б.А. Во собата противправно ја држеле до 24 часот, а потоа ја вратиле дома.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.