Скопјанка паднала во провалија додела се местела за сликање на Кокино

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Скопјанка за време на првомајскиот викенд се здобила со сериозни повреди по телото, откако паднала од карпите на мегалитската опсерваторија во провалија длабока 17.5 метри, објави Вест.

Инцидентот се случил  во 10 часот и 30 минути кога 44-годишната В.Ј. паднала во провалијата, а сведоци на ужасниот настан биле и нејзините малолетни ќерки со кои заминала во обиколка на Кокино.

Додека се обидувала да се намести за сликање, се одронила карпата на која стоела по што скопјанката паднала и се здобила со набиеници по телото, повреди на главата и на десната потколеница.

Сите кои биле во близина притрчале да помогнат и со нивната брза интервенција била спречена трагедија.