Скопјанка претепана и малтретирана од нејзиното момче од Турција

турција

Вчеравечер околу 23.00 часот на Градскиот плоштад во Штип,  по претходно договорена средба помеѓу А.А.(23) од Р.Турција и неговата 20-годишна девојка од Скопје,и двајцата студенти со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом.

Кога влегле истиот веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да ја навредува упатувајќи разни заканувачки зборови.  Исто така, ја удирал со раце во пределот на лицето и телото. Во еден момент истата успеала да и напише СМС порака на нејзината другарка каде се наоѓа, од чија страна била повикана полиција. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што оштетената е затекната во собата на А.А., каде противправно ја држел и малтретирал околу половина час. Истата е пренесена во Болница Штип, каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. А.А. е лишен од слобода и задржан во ПС Штип за понатамошна постапка.