Скопјанка пронајдена мртва во Волково

Жител на село Волково, вчера во 11 часот пријавил дека во близина на своето дворно место, во вода забележал неидентификувано женско тело без знаци на живот.

Од страна на итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на лице место, по претходна консултација со јавен обвинител,  извршила екипа од СВР Скопје, при што од личната карта што ја пронашле во женска чанта која се наоѓала во близина на телото, утврдено е дека почината е С.Д. (42) од Скопје.

Со наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.