Скопјанка родила мртво новороденче во својот дом

новороденче

Во 11:30 часот, 41 годишната С.П. од Скопје, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари. До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, истата сама се породила во својот дом. Од страна на лекар била констатирана смрт кај женското новороденче, а С.П. била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција – стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.