Скопјанка тешко повредена по пад од тракторска приколка

Скопјанка била тешко повредена откако паднала од трактор, вчера во скопската населба Драчево, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 10.40 часот на улицата Речиште кога  Д.К. (43) паднала од приколка, која била натоварена со сточна храна и прикачена за трактор што го управувал нејзиниот сопруг Т.К. (48) од Скопје.

Таа паднала во моментот кога приколката се откачила од тракторот. Д.К.  со тешки телесни повреди и со друго возило била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош таа била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.