четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 76

Скопјанка успеала да избега од силувач

силување

Последни вести

Педесет и тригодишна жителка на скопски Сарај вчера околу пладне успеала да избега од непознато лице кое се обидело да ја силува на регионалниот пат Тетово –Јажинце, информира полицијата.

Според полициските информации, скопјанката вчера во селото Доброште пред џамијата собирала пари од верниците, по што пеш тргнала кон центарот на селото за да оди кон Тетово. Потоа, таа влегла во автомобил управуван од непознато лице на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кратко потоа возачот го запрел возилото, ја отворил задната врата и се обидел да изврши полов напад над оштетената.

Скопјанката сепак успеала да се одбрани, го удрила напаѓачот со нога во градите и побегнала. Успеала да запре друго возило со кое заминала во полициската страница за да го пријавил случајот.

Најчитани вести