Македонија,Крими хроника

Скопјанката во Радишани починала од природна смрт

Скопјанката во Радишани починала од природна смрт

Педесет и едногодишната С.Б. од Скопје која синоќа беше пронајдена почината во стан во скопската населба Радишани, починала од природна смрт. Оваа информација, денеска ја потврдија од Инситутот за судска медицина, и со тоа ги отфрлија шпекулациите дека жената била убиена, пишува Вечер.

Синоќа нејзиниот сопруг побарал помош од Итната медицинска помош од каде пак ја алармирале полицијата дека во скопската населба Радишани, во стан на улица “Радишанска”, ја пронашол својата сопруга без знаци на живот.

-Обдукцискиот наод покажа дека смртта кај С.Б. настапила од природна смртт изјавија од МВР за Вечер, потврдувајќи дека сопругот на сега почината бил задржан во полицска станица, но на информативен разговор.