„Скопје 2014“ – медали за најдобрите на меѓународнито турнир во одбојка на песок

Одбојкарските двојки Мишонова/Сланчева од Бугарија, во женска конкуренција и Киковиќ/Баста од Србија, во машка конкуренција, ги освоија првите места на петтиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2014“, што во изминативе три дена се одржуваше на игралиштата на Градската плажа „Парк“. На најдобрите одбојкарски двојки вчеравечер медалите им ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

DD1_0069

Второто место на овој турнир го заземаа двојките Шкариќ/Фрајтовиќ од Србија, во женска конкуренција и Хаџиев/Раев од Бугарија, во машка конкуренција. На третото место се пласираа двојките Ангелова/Динова од Бугарија, во женска конкуренција и Колев/Митев од Бугарија, во машка конкуренција.

DD1_0084

Во турнирот учествуваа шеснаесет двојки во машка и осум двојки во женска конкуренција, од Македонија и од регионот, и тоа од Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора и од Хрватска.

DD1_9414     DD1_9788

Наградниот фонд изнесува 5.000 евра, по 2,5 илјади евра за двете конкуренции.

Градот Скопје е генерален покровител на овој турнир и преку Програмата за спорт Град Скопје од Буџетот издвојува 400.000 денари. Турнирот е во организација и реализација на Одбојкарската федерација на Македонија. Традиционалниот меѓународен турнир во одбојка на песок се организира како дел од активностите за одбележување на 51-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година.

DD1_9622

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.