Скопје: Десет сообраќајки во 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. 

Од нив, пет се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден возач на велосипед.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Првата се случила во 10 часот и 45 минути на паркингот спроти зградата на МТВ и втората во 20 часот и 15 минути на ул. „Народен фронт“ и во двете незгоди со потешки телесни повреди се здобиле пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се вкупно 214 учесници во сообраќајот за прекршоци сторени по различни основи. Од нив се издвојуваат 39 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 16 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, 12 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на крстосница, како и 21 пешак за прекршоци сторени по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни предавања во основното училиште „Владо Тасевски, на подрачје на општината Карпош, како и во средните училиште во соработка со Здравствениот дом на Скопје и тоа на тема „Влијанието на алкохолот врз безбедноста во патниот сообраќај.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.